Дома Трансфер зона Постигнат договор: Вилијан Хозе конечно се сели во Премиер лигата

Постигнат договор: Вилијан Хозе конечно се сели во Премиер лигата

Mинатата зима скоро цел јануари се пишуваше за можен трансфер на Вилијам Хозе во Тотенхем, но таа зделка на крајот не се заврши успешно. Во меѓувреме тој беше на радарот на Барселона и Атлетико, но Сосиедад не сакаше да го пушти Хозе во некој шпанси тим. Сега конечно заминува.

После неколку дена преговори Вулверхемптон и Саутемптон постигнале договор околу трансферот со кој Нуно Еспирито Санто ќе добие замена за Раул Хименез кој уште некое време нема да биде на теренот затоа што се опоравува од тешката повреда на главата. Италијанскиот трансфер гуру Фабрицио Романо и уште неколку релевантни медиуми објавија дека станува збор за позајмица со право на откуп на лето за сума помеѓу 19 и 20 милиони евра.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


Како што е најавено, лекарските прегледи се закажани и Вулвси ја поднеле документацијата за добивање на работна виза и трансферот треба да биде комплетиран до понеделник или вторник.

Сосиедад прво бараше 25 милиони евра, меѓутоа поради пандемијата со коронавирусот и економската криза неговата цена падна за пет милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн ја постави цената на Алфонсо Дејвис

Еден од најдобрите бекови во светот, Алфонсо Дејвис речиси сигурно следната година ќе го н…