После фудбалерите сега на ред дојдоа изгледа и НБА ѕвездите.
Имено, Двејн Вејд би можел да се пресели во Кина, секако за огромна сума.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот ас на Мајами добил понуда од 20 милиони од Далчениот Исток и наводно размислува да ја разгледа истата.
Како што пренесува „Yahoo Sport“, Жендијанг Голден Булс испратиле понуда за договор на три години вреден 20 милиони долари.
Вејд исто така беше на радарот на Чиндијанг Флајниг Тајфер, еден од најсилните клубови во Кина, но конкретна понуда засега немаше. Да потсетиме, Вејд неодамна потпиша доживотен договор со кинескиот спортски бренд „Ли-Нинг“ кој ќе му донесе заработка од 10 милиони долари.
Конечната одлука кошаркарот би требало да ја донесе по враќањето од Кина каде што се наоѓа на турнеа со Мајами.