Дома Фудбал Италија После три кола падна и првиот отказ во Серија А

После три кола падна и првиот отказ во Серија А

Помалите италијански клубови се познати по тоа што немаат многу трпение кога се резултатите на тренерите во прашање.

Утрово, после само три поминати кола стигна првата тренерска смена. Еусебио Ди Франческо заработи отказ во Верона откако во првите три натпревари забележа три порази.

Верона минатата сезона предводена од Иван Јуриќ беше одличен тим кој конкурираше и за местата кои водат во Европа, но хрватскиот стратег премина во Торино.

На негово место дојде Фи Франческо кој не се задржа долго. Верона запиша порази од Сасуоло. Интер и Болоња.

Низ медиумите се шпекулира дека него може да го наследи Игор Тудор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Малаго би можел да стане специјален комесар на ФИГЦ

Фудбалската федерација на Италија се соочува со хаотична ситуација околу изборот на претсе…