Дома Топ вести После Де Лихт, Јувентус купува нови две ѕвезди од Холандија

После Де Лихт, Јувентус купува нови две ѕвезди од Холандија

Познато е дека Јувентус има одлична соработка со италијанскиот агент Мино Раиола, кој ова лето им го донесе Матијас де Лихт.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „старата дама“ сака следното лето да донесе нови две ѕвезди од холандското првенство и веќе заполнале преговори со Мино Раиола.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Станува збор за Дониел Мален и за Рајан Гравенберх кои оваа сезона блескаат во Ередивизијата, па веќе се спремни да направат чекор напрад во кариерата.

Мален е 21-годишен напаѓач кој на одиграните 25 натпревари во актуелната сезона постигна 17 погодоци за ПСВ чии челници посакуваат парична понуда не помала од 50 мил. евра.

Од друга страна, Гравенберх за неколку месеци ќе наполни 18-години, а раководните лица на Ајакс исто така посакуваат официјална понуда не помала од 50 мил. евра.

„Старата дама“ сака да ги договори двата трансфера на истиот начин на кој беше договорен и трансферот на Матијас де Лихт и затоа веќе се започнати преговорите со Мино Раиола.

Се шпекулира дека Јуве ќе мора да одвои околу 100 милиони евра за обештетувањето на Мален и Гравенберх.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…