Дома Трансфер зона После Ван Де Бек Јунајтед тргнува по бекот на Реал

После Ван Де Бек Јунајтед тргнува по бекот на Реал

Maнчестер Јунајтед ова лето во своите редови го доведе Дони Ван Де Бек од Ајакс.

Оле Гунар Солскјер со Ван Де Бек доби одлично засилување во средниот, а до почетокот на новата сезона „црвените ѓаволи“ би можеле да доведат и лев бек.

Кариерата во редовите на гигантот од „Олд Трафорд“ би можел да ја продлжи шпанскиот фудбалер Серхио Регулион за кој Јунајтед наводно веќе испратил понуда.

23 годишниот Регулион имаше одлична сезона во Севиља. Сепак, по завршувањето на сезоната тој се врати во Реал Мадрид, но Зидан нема намера да му ја даде бараната минутажа покрај Ферлан Менди и Марсело.

Таквата ситуација сака да ја искористи Јунајтед и тие спремија понуда за 23 годишниот бек и нема да биде чудо ако на крајот заврши во Премиер лигата.

Преговорите се водат и се ќе биде познато во наредните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан пратил скаути за „новиот Модриќ“

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан испратил скаути на „Максимир“ за мечот Динамо…