Репрезентацијата на Португалија се соочува со големи проблеми пред баражот за Светското првенство Катар. Неколку првотимици кај Португалците отпаднаа од составот.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Прво се повреди Рубен Дијаш од Манчестер Сити кој шест недели ќе биде надвор од терените, потоа отпадна и Рубен Семедо. Информациите се дека за викендот се повредил и Роналдо, иако има и поинакви шпекулации дека против Сити не настапил од други причини.




За дуелот со Турција селекторот Фернандо Сантош сигурно нема да може да смета и на Жоа Кансело и Ренато Санчез. Ќе потсетиме ако Португалија ја помина Турција ќе оди во финале на подобриот од вториот бараж во оваа група помеѓу Италија и Македонија.
Бараж натпреварите се закажани за 24. и 29. мај.