Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Антонио Валенсија објави дека се повлекува од професионалниот фудбал.
Валенсија е приморан да ја заврши кариерата во Мексико поради хроничнитеп роблеми со колената. Во моментот на повлекувањето Антонио е играч на Кертераро и токму тој клуб повика прес-конференција на која Валенсија ја соопшти одлуката.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
„Тешката повреда се случи кога имав 29 години и се обидов да се обидам да продолжам без операција, функционираше добро, но често пати ми се појавуваше болка, а стануваше се потешко. Затоа дојде време да се заблагодарам на овој прекрасен спорт. Одлуката која ја носам е тешка, но друга опција немам. Тажно е да ги гледам како соиграчите тренерират со 100%, а ти мораш да ги заминеш. Не е во ред и кон нив да продолжам да играм и тренирам на овој начин“, соопшти Валенсија.
Валенсија во кариерата настапуваше за Ел Национал во родниот Еквадор, па беше во Виљареал, во Виган, десет години во Манчестер Јунајтед каде што остана до 2019, потоа играше уште за ЛДУ Кито и Кертаро.