Дома Фудбал Поранешниот фудбалер на Ливерпул направи скандал во Германија: Одбил да патува со тимот затоа што не бил стартер

Поранешниот фудбалер на Ливерпул направи скандал во Германија: Одбил да патува со тимот затоа што не бил стартер

Германскиот фудбалски клуб Вердер денеска соопшти дека играчот од средниот ред Наби Кеита не отпатувал на дуелот против Баер Леверкузен во Бундеслигата само затоа што немало да биде стартер.

Вердер најави дека Кеита ќе се соочи со последици поради одбивањето да патува со тимот.

„Откако Наби вчера дозна дека нема да игра од самиот почеток, реши да се врати дома. Утре ќе разговараме со него и неговите агенти за последиците и како понатаму“, изјави спортскиот директор на Вердер, Клеменс Фриц.

Кеита минатата година пристигна во Вердер Бремен од Ливерпул, но поради честите повреди одигра само пет натпревари.

Леверкузен го победи Вердер 5:0 и со тоа ја обезбеди титулата германски шампион, прва во својата клупска историја долга 119 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…