Дома Фудбал Италија Поранешниот тренер на Јувентус и Челзи седнува на клупата на Лацио?

Поранешниот тренер на Јувентус и Челзи седнува на клупата на Лацио?

Во овој период гледаме големи тренерски промени во Италија, а се започна кога пред извесно време Рома го промовираше Жозе Мурињо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со нови тренери во наредната сезона ќе влезат: Рома, Јувентус, Лацио, Наполи, Фиорентина, Интер, Торино, Верона…Симоне Инзаги изненадувачки го напушти Лацио после понудата која ја доби од Интер каде што си замина Антонио Конте.

Сега се најавува дека нов тренер на римскиот клуб може да биде Маурицио Сари. Сари се уште е без ангажман откако си замина од Јувентус пред почетокот на минатата сезона. Се шпекулираше дека може да се врати во Наполи, но овој клуб денес го официјализираше доаѓањето на Спалети.

Италијанските медиуми пишуваат дека за утре е закажан состанок помеѓу Лотито и Сари и на тој состанок би можело да дојде до договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мбапе за Парагвајците: Мислеа ќе дојдеме во смокинг, а ние ги победивме во нивната игра

Француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе истакна дека неговата репрезентација го совлада…