Дома Фудбал Репрезентации Поранешниот играч на Арсенал го смени името и заигра за Кина!

Поранешниот играч на Арсенал го смени името и заигра за Кина!

0

Фудбалската репрезентација на Кина денес игра пријателски натпревар против Филипините.

Овој натпревар е историски за кинескиот фудбал затоа што за прв пат во историјата на кинеската фудбалска репрезентација заигра фудбалер кој не е Кинез.

Во прашање е Англичанецот Николас Јенарис кој сега се вика Ли Ке. Тој го промени името и денес настапува за Бејинг Гоуан, а во текот на кариерата беше член и на Арсенал. Навистина во дресот на „топџиите“ настапи само на еден натпревар, но тоа е доволно за да може да се пронајдат фотографии од него во дресот на англискиот гигант.

Станува збор за фудбалер кој претходно ги помина скоро сите млади селекции на Англија, но застана на У19. Никогаш не заигра ниту за младата репрезентација и на крајот се одлучи да го промени спортското државјанство и да заигра за Кина, земјата од каде што доаѓа неговата мајка.

Со оглед на тоа дека во последната година играше за Брентфорд во Чемпионшип сигурно дека со себе носи големо искуство кое може да и биде од корист на кинеската репрезентација.

Тој воедно е и најскапиот играч кој во овој момент игра за Кина бидејќи вредноста му се проценува на два милиони евра. Инаку, Кинезите ги води Марчело Липи кој сигурно ќе знае добро да ги искористи квалитетите на овој играч за врска.

Јенарис на фотографијатап од текстот е првиот фудбалер од лева страна.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Мурињо: Добив 50 пораки од Манчестер Јунајтед

Мурињо денес ја имаше првата пресконференција како менаџер на Тотенхем на која откри дека …