Дома Трансфер зона Поранешниот ас на Челзи и Барса му се понуди на Шапикоенсе!

Поранешниот ас на Челзи и Барса му се понуди на Шапикоенсе!

Веројатно најпознатиот фудбалер од Исланд, Еидур Гудјонсен изрази желба да игра за Шапикоенсе!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Гудјонсен, кој моментално има 38 години беше дел од исландската репрезентација на последното Европско првенство во Франција.

Поранешниот ас на Челзи и Барселона, кој во изминатиот период играше за Молде во Норвешка и Пуне Сити во Индија сака да му помогне на клубот чии тим настрада во авионска несреќа во Колумбија минатата недела.

„Доколку имаат место за мене, искрено би сакал да го облечам дресот на овој клуб. Ако ништо друго би сакал повторно да заиграм со Роналдињо“, истакна Гудјонсен.

Веднаш после авионската нереќа се појавија информации дека Роналдињо и Рикелме се пријавиле да го облечат дресот на овој бразилски клуб, но информацијата не беше потврдена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…