Дома Фудбал Репрезентации Поранешниот аргентински селектор: Меси е магичен и ќе ја одведе Аргентина на СП

Поранешниот аргентински селектор: Меси е магичен и ќе ја одведе Аргентина на СП

Аргентина вечерва гостува кај Еквадор во последниот квалификациски натпревар за пласман на Светското првенство во Русија.

„Гаучосите“ немаат право на кикс. Вечерва мораат да слават или барам да ремизираат со што би избориле пласман на СП или пак пласман во баражот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сите очи секако се вперени кон Лионел Меси кој ќе се обиде како капитен да ја одведе Аргентина до нов успех. Сигурно дека доколку Меси и друштвото не се пласираат на Мундијалот тоа би било голем неуспех. Замислите само фудбалери како Игуаин, Дибала, Меси и Икарди да не настапат на Мундијалот.

„Ако го имате Меси тогаш имате човек кој може да ја спаси ситуацијата. Тој е тука да ја извлече Аргентина. Навистина би било тажно за Лео и останатите да не одат на Светското првенство. Мислам дека Меси е магичен како Марадона и дека ќе ги одведе момците на Мундијалот“, изјави Цезар Луис Меноти, поранешниот селектор на Аргентина

Аргентина одлучувачкиот натпревар го игра вечерва после полноќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Хрватите ќе се молат за Мундијалот: Модриќ сезоната во Милан ја заврши!

Од Милано пристигнуваат вознемирувачки вести за Хрватите за повредата на Лука Модриќ. Капи…