Дома Македонски спорт Мак ракомет Порака од ракометарите пред реваншот против Фарски Острови

Порака од ракометарите пред реваншот против Фарски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија денеска ги продолжи подготовките за реванш натпреварот против Фарски Острови. Пред избраниците на Кире Лазаров в недела е тешка задача бидејќи првиот натпревар во Торшван го загубивме со седум разлика (34:27).

Иако негативата е голема против репрезентација која е во подем и игра одличен ракомет, мундијалскиот сон за нашите момци не згаснува.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред натпреварот преку социјалните мрежи тие испратија порака како повик до публиката да дојде во што поголем број на трибините во СЦ „Борис Трајковски“.

„Битката се води до самиот крај, заедно сме посилни“, гласи објавената порака на Инстаграм профил на Ракометната федерација.

Натпреварот се игра во терминот до 20:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонската делегација продефилира на свеченото отворање на ЛОИ

Знаменосците Дарио Ивановски и Мила Релјиќ го развеаја македонското знаме на бродот по Сен…