Дома Македонски спорт Мак фудбал Порака до четворицата дебитанти: Од тука почнува се!

Порака до четворицата дебитанти: Од тука почнува се!

Македонија вчера го победи Гибралтар со убедливи 4:0, „рисовите“ со оглед на шансите можеа да слават и поубедливо, а овој натпревар сигурно долго ќе го паметат дебитантите во националниот дрес.

Против Гибралтар за првпат националниот дрес на „А“ селекцијата го облекоа Валон Етеми, Томче Гроздановски, Енис Фазлагиќ и Бојан Димоски.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сите четворица шанса од селекторот Милевски добија во второто полувреме. Етеми, Димоски и Фазлагиќ го започнаа второто полувреме на местата на Алиоски, Барди и Чурлинов, додека Гроздановски ги одигра последните десетина минути од мечот кога влезе на местото на Елиф Елмас.

Етеми е член на турски Инстанбулспор, Димоски го носи дресот на Академија Пандев, Фазлагиќ игра во Полска во Висла, додека Гроздановски настапува за Злате Моравце.

Нивото деби го одбележа и Фудбалската федерација на Македонија со порака „Од тука почнува се“… Во иднина им посакуваме уште мнјогу настапи и голови за македонската „А“ селекција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…