Дома Фудбал Поради Лукаку Рома не ги регистрираше двете засилувања за Лига Европа

Поради Лукаку Рома не ги регистрираше двете засилувања за Лига Европа

Новите засилувања на Рома, Сардар Азмун и Кристенсен нема да настапуваат за Рома во натпреварите од Лигата на Европа бидејќи клубот не ги регистрираше.

Поради Финансискиот-фер плеј со кој Рома има проблеми неколку години, „волчицата“ не беше во можност да ги регистрира споменатите двајца фудбалери. Според правилата на УЕФА, тимот мора да има трансфер баланс и екипата мора да вреди исто или помалку од таа од минатата сезона.

Ако вредноста е поголема тогаш треба да се одземат нови засилувања, а не оние кои биле тука минатата сезона.

Токму затоа за да се направи место за Лукаку, Рома се одлучи да ги елиминира Азмун и Кристенсен. На списокот на Рома за да се пополнат бројките се Абрахам и Кумбула кои поради повреди сигурно нема да играат барем до декември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…