Дома Топ вести Поради казната во Манчестер Јунајтед Роналдо ќе почека за дебито во Ал Наср

Поради казната во Манчестер Јунајтед Роналдо ќе почека за дебито во Ал Наср


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо ќе дебитира за Ал Наср на 21, јануари во натпреварот од 14. коло во првенството на Садусика Арабија против Ал Итифак.

Роналдо пред два дена беше промовиран во Ријад како ново засилување на Ал Наср. Навивачите на овој клуб очекуваа португалскиот фудбалер да дебитира за новиот клуб на натпреварот против Ал Таи во среда.

Сепак, Роналдо ќе мора да пропушти два меча поради суспензијата изречена од ФА додека настапуваше за Манчестер Јунајтед.

Португалецот доби суспензија на два натпревари откако му го скрши мобилниот телефон на момче со аутизам додека го напушташе теренот по натпреварот против Евертон во Ливерпул.

Португалецот немаше време да ја одлежи казната, бидејќи одлуката е донесена еден ден по раскинувањето на договорот со Манчестер Јунајтед.

Според прописите на ФИФА, играчите кои не ја одлежале суспензијата во претходните лиги мора да ја „одлежат“ казната во новиот шампионат.

Ал Наср ќе се соочи со Ал Шабаб на 14 јануари, а една недела подоцна против Ал Итифак. Роналдо потпиша договор со Ал Наср до јуни 2025 година и треба да заработува 200 милиони евра по сезона

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вардар го засили нападот: Пристигна засилување од Охрид!

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Најтрофејниот македо…