Поради големата трагедија која денеска му се случи на Белград на утрешниот натпревар помеѓу Партизан и Реал Мадрид во Евролигата нема да го имаа спектаклот како што навикнавме да го гледаме од навивачите на црно-белите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во „Штарк Арената“ нема да има ниту музика поради прогласената тридневна жалост на територија на целата земја. Момче од 14 години денес пукаше во училиште во Врачар и уби осум деца и еден вработен. Тешко повредени и за живот се борат уште четири деца и една наставничка.
Ваквиот настан беше голем шок за Србија, но и целиот регион. Поради тоа од КК Партизан највија дека нема да го има вообичаениот спектакл од почит кон жртвите и нивните семејства. Исто така натпреварот ќе започне со минута молк.
Реал Мадрид вчера победи и намали на 2:1, па така остана во игра. На Партизан му е потребна една победа за пласман на фајнл-форот.