Дома Македонски спорт Поповски: Со Русија бевме мотивирани, но како да сме влезени во некој барабан

Поповски: Со Русија бевме мотивирани, но како да сме влезени во некој барабан

Репрезентацијата на Македонија вчера беше поразена од Русија со убедливи 32:20 во вторниот натпревар од втората фаза на Светското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред ракометарите сега е уште дуелот со Белорусија. Пред овој натпревар за новинарите зборуваше десното крило Мартин Поповски.

„Подготовувавме тактика и во хотелот и на тренинг, но и покрај тоа лошо го отворивме натпреварот. Бевме мотивирани, но како да сме влезени во некој барабан и да не можеме да излеземе. Како и да е натпреварите секако ни значат многу, собираме искуство и се надеваме дека во последниот натпревар натпревар ќе го поправиме впечатокот“, изјави Поповски.

Дуелот помеѓу Македонија и Белорусија се игра утре од 15 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар ги дозна можните ривали во групната фаза на ЛШ

Ракометниот клуб Вардар ќе ја очекува ждрепката за новата сезона во Лигата на шампиони од …