Денес во терминот од 18:00 часот женскиот тим на Вардар го игра полуфиналето во Лигата на шампионите против дебитантот на еден фајнал-фор турнир Ростов.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Вардарки одиграа одлично полувреме и имаат предност по првите половина час игра, а најмногу поради супер расположената Амадин Лејно на голот која одбрани неколку зицери на противникот.
Македонскиот претставник имаше предност во текот на целото полувреме освен во почетните минути кога Ростов постигна гол за 1:0.
Во продолжение Вардарки прикажуваа одлична игра и во неколку наврати имаа четири поени предност, за на крајот полувремето да го завршат со предност од три гола 10:7.
Да потсетиме, доколку Вардар избори пласман во финалето на што сите се надеваме во финалето ќе игра против актуелниот шампион Ѓер.