Дома Останати Ракомет Полувреме: Вардар почна фуриозно, Кјелце се врати во игра

Полувреме: Вардар почна фуриозно, Кјелце се врати во игра

0

Вардар води на полувреме со Кјелце.

Првото полувреме Вардар одлично го започна и освен кога губеше 0:1 на самиот старт константно беше во водство.

Предноста изнесуваше 2:3 гола во првите 10-тина минути, а потоа црвено-црните стигнаа и до највисоки плус пет. Во тој момент следуваше еден пад во нашата игра и Кјелце успеа да направи серија од 4:0 и да дојде на 10:9

Во следните минути гледавме изедначена игра, а Вардар успеваше да одржи предност од 1:2 гола се до 22-та минута кога Кјелце изедначи.

На пет минути до крајот Кјелце прв пат после водството на самиот старт дојде до предност од 14:15. Во следниот напад Вардар изендачи па следуваше еден период во кој четири минути не видовме погдок. По перидот без гол Вардар постигна два гола во серија и прими еден во завршните секунди за конечни по првите 30 минути 17:16.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар немоќен во Полска, Кјелце до победа со десет разлика

Екипата на Вардар денес доживеа тежок пораз од Кјелце на гостински терен со резултат 35:25…