Дома Фудбал Останато Полски репрезентативец потпиша за руски клуб, па беше исфрлен од репрезентацијата

Полски репрезентативец потпиша за руски клуб, па беше исфрлен од репрезентацијата

Полската фудбалска федерација го исклучи од репрезентацијата дефанзивецот Мачеј Рибус бидејќи потпишал за руски тим, Спартак Москва.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


32-годишниот Рибус изминатите пет години го носеше дресот на Локомотив Москва, а денес потпиша договор со Спартак.

„Селекторот на репрезентацијата Ческав Михњевич разговарал со Рибус и го информирал дека поради актуелната клупска ситуациуа, нема да биде повикан на собирот на репрезентацијата во септември како и дека нема да биде во комбинација за настап на Светското првенство во Катар“, соопшти фудбалската федерација на Полска.

Бидејќи Полска е еден од најголемите критичари на руската инвазија на Украина, јавноста како и Фудбалскиот сојуз сметаат дека е недозволив овој потег на полскиот репрезентативец 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Официјално: Интер доведе нов голман!

Италијанскиот голман Иван Проведел стана дел од Интер, објави клубот од Милано. Како ПАМЕТ…