Дома Фудбал Италија Полемика на Апенините: Дали Пјаниќ требаше да добие црвен картон?

Полемика на Апенините: Дали Пјаниќ требаше да добие црвен картон?

Вчера на програмата во Италија беше 6-то коло од Серија А и повторно се појавија полемики поради судиски одлуки.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Актуелниот шампион Јувентус ја победи Болоња со головите на Дибала и Матуиди, но на удар на критика беше судијата Мариани.

Имено, италиајнската јавност смета дека Мариани требало да му даде црвен, а не жолт картон на Пјаниќ во 33-та минута после стартот над Крејчи. Босанецот со отворено стапало згазна на ногата на противникот и доби само жолт картон.

За идентичен таков старт Весино доби директен црвен картон во минатогодишното дерби меѓу Интер и Јувентус, натпревар кој се покажа како клучен за Скудетото.

Тогаш Весино на идентичен начин го нагази Манџукиќ и доби директен црвен картон, па се поставува прашањето дали станува збор за двојни аршини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кукуреља ќе игра за Реал ама го избра Меси пред Модриќ (Видео)

Марк Кукуреља (27) е лев бек на шпанската репрезентација и на Реал. Официјално беше објаве…