Македонија во среда го игра натпреварот против Германија, а покрај Тони Крос овој дуел ќе го пропушти уште еден германски репрезентативец.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тони Крос отпадна претходно, а сега е потврдено дека за дуелот против Македонија нема да биде спремен и Никлас Зуле.
Зуле не настапи и на претходниот натпревар на Германците, Лев се надеваше дека ќе може да го има на располагање за дуелот со нас, но тоа нема да се случи.
Ќе потсетиме, пред дуелот со Германија, Македонија ќе игра против Лихтенштајн дома. Тој дуел се игра утре со почеток во 20:45.