Дома Фудбал Покрај дебаклот, Баерн многу долго ќе биде и без клучен играч

Покрај дебаклот, Баерн многу долго ќе биде и без клучен играч

СЕНЗАЦИЈА во Купот на Германија. Третолигашот Сарбрикен направи чудо и го исфрли шампионот Баерн со 2:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Натпреварот започна очекувано и Баерн поведе со голот на Томас Мулер во 16. минута. Но, две минути подоцна се случи нешто што ги шокираше Баварците, а можеби и го реши натпреварот.

Клучниот играч на одбраната на Баерн, Матијс де Лихт по еден дуел го повреди коленото. Веднаш се виде дека се работи за сериозна повреда.

По пет минути асистенција, Холанѓанецот беше изнесен од теренот, а новинарот на германскиот АРД Флоријан Нас пишува дека Де Лихт ги повредил медијалните лигаменти и најверојатно ќе биде надвор од терените неколку месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Слушнав како се крши коска…“: Ужасно откритие на селекторот на Канада по хорор повредата на Коне

Канада како домаќин оствари повеќе од убедлива победа во второто коло од групата Б, но нат…