Тренерот на Пари Сент Жермен, Маурисио Покетино се уште планира враќање во Премиер лигата на клупата на Манчестер Јунајтед, пренесува „Паризиен“.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Аргентинскиот стратег имал тајни контакти со „црвените ѓаволи“ и го припрема теренот за преселба на „Олд Трафорд“ на лето.




Покетино не е многу среќен во Париз, особено поради проблеми во соблекувалната, а и поради фактот што ПСЖ сака да го ангажира Зидан.
Манчестер Јунајтед уште минатиот месец го сакаше Покетино, но тогаш ПСЖ не го пушти, па „црвените ѓаволи“ го ангажираа Рангник како привремен тренер.




Меѓутоа, Покетино и Јунајтед се уште тајно преговараат и најверојатно на крајот на сезоната двете страни ќе започнат соработка.