Дома Фудбал Англија Покетино од следната сезона седнува на клупата на Манчестер Јунајтед!?

Покетино од следната сезона седнува на клупата на Манчестер Јунајтед!?

Манчестер Јунајтед се уште не се откажува од ангажирање на Маурисио Покетино на тренерското место за следната сезона.

Црвените ѓаволи се спремни на Тотенхем да му платат оштета од околу 34 милиони евра.

Во Манчестер Јунајтед се уште не се сигурни дали да го остават Солскјер за свој тренер, кој досега одлично ја води екипата, или на негово место да го донесат Покетино.

Како што пренесува Evening Standard, втората опција е многу пореална, а во Јунајтед се спремни да платат околу 34 милиони евра, за да го донесат Покетино на Олд Трафорд.

Тој го предводеше Тотенхем во три сезони по ред во топ три екипи во ПЛ, а се чини дека од следната сезона ќе има нови предизвици.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Солскјер по лудиот натпревар со изјава за – Мурињо и стативите во Скопје!

Манчестер Јунајтед денес како гостин го совлада Брајтон со 3:2 во навистина неверојатен на…