Дома Фудбал Покетино: Мбапе не ми кажал дека заминува

Покетино: Мбапе не ми кажал дека заминува

Tренерот на ПСЖ Маурисио Покетино изјави дека Килијан Мбапе нормално се подготвува за утрешното гостување против Ремс и според неговата изјава тој нема да замине.

Мбапе во претходните денови на големо се поврзуваше со Реал Мадрид, дури се тврдеше и дека таа работа е завршена сепак, тој трансфер на крајот може да пропадне.

„Килијан вредно се припрема за утрешниот натпревар. Нашиот претседател и спортски директор излегоа со јасен став по ова прашање. Дали Мбапе ме известил дека ќе замиен? Не!“, изјави Покетино.

Натпреварот со Ремс ПСЖ го игра утре со почеток од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прв европски гол за Алиоски во Лугано, Швајцарците со 3:0 на паузата

Езџан Алиоски погоди во 24. минута против Кауно Жалгирис и го запиша првиот европски погод…