Дома Фудбал Лига на шампиони Покетино испрати порака до своите играчи пред натпреварот против Ајакс

Покетино испрати порака до своите играчи пред натпреварот против Ајакс

Тотенхем во вторникот на својот стадион ќе го одигра првиот натпревар од полуфиналето во ЛШ против Ајакс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тренерот на Спарси, Маурсио Покетино им порача на своите играчи дека го пишуваат најголемото поглавје во историјата на клубот.

„Знаете дека мора да сонувате за да дојдете до целта. Мора да ги остварите вашите цели.“ – изјави тренерот на Тотенхем.

„Погледнете колку напредувавме. Затоа, после пет години, мора да им честитаме на сите овде иако не освоивме ниту еден трофеј.“

„Но она што сега го правиме е нешто повеќе од трофеј. Ова што го постигнуваме како клуб е огромно. Не е можно во историјата на фудбалот да се повтори уште една историска приказна како што ја направи Тотенхем.“ – додаде Покетино.

Тотенхем нема да има лесна задача против Ајакс, кој ја воодушеви фудбалската јавност со својата игра и елиминациите на Реал Мадрид и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Кукуреља ќе игра за Реал ама го избра Меси пред Модриќ (Видео)

Марк Кукуреља (27) е лев бек на шпанската репрезентација и на Реал. Официјално беше објаве…