Барселона вчера потврди дека Лионел Меси го напушта клубот, а во овој момент како најголем фаворит за неговиот потпис важи ПСЖ.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Пред почетокот на Лига 1 тренерот Маурисио Покетино ја имаше вообичаената прес-конференција. Секако, новинарите не ја пропуштија приликата да го прашаат за Меси.
Сепак, одговорот на Покетино беше дипломатски.
„Видовме сите што се случи вчера, нема да кажам ништо повеќе. Ние сме фокусирани на победа против Троа, тоа е наша работа. Спортскиот директор и претседателот работат на засилување на тимот на тимот“, изјави Покетино.
„Дали ако го доведеме Меси ќе значи дека Мбапе си оди? Апсолутно не“, додаде Покетино.