Дома Фудбал Покетино заминува, познат неговиот наследник

Покетино заминува, познат неговиот наследник

Пари Сент Жермен е спремен да го ослободи Покетино и Леонардо веќе работи на тренерска смена.

Оваа тема беше актуелна минатиот месец, но катарските сопственици не сакаа да ја повторат грешката што ја направија со Тухел минатата година.

Меѓутоа, лошата форма на ПСЖ со само една победа на четири меча, плус фактот дека Покетино не може да ги вклопи сите ѕвезди во тимот, сигурно ќе доведат до тренерска смена.

ПСЖ е во потрага по тренер, а „Ле Паризиен“ објави дека веќе се започнати преговори со Зинедин Зидан кој е слободен по заминувањето од Реал Мадрид.

Наводно Зидан токму поради ПСЖ го одбил Манчестер Јунајтед и преферира да седне на кормилото на крајот на сезоната, а не во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…