Дома Топ вести Познат фаворитот за нов тренер на Барселона

Познат фаворитот за нов тренер на Барселона

Чави Ернандез на крајот на сезоната ќе го напушти кормилото на Барселона, па веднаш започнаа шпекулациите за негов наследник.

Каталонците веќе ја започнаа потрагата за нов тренер, а најголема желба на претседателот Жоан Лапорта е италиајнскиот стратег Роберто де Зерби.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Де Зерби со неговиот Брајтон е апсолутен хит во Премиер лигата, игра одличен фудбал и остварува феноменални резултати.

Италијанецот добива комплименти и од неговите колеги, Гвардиола му се восхитува, а Лапорта верува дека би бил идеален за филозофијата и начинот на игра на Барселона.

Де Зерби е спремен да направи чекор напред во кариерата и е заинтересиран да се пресели во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Скандал: Редар во Сингелиќ нападна фудбалер на Брегалница! (Видео)

На дербито од Втората лига помеѓу Шкендија Aрачиново и Брегалница дојде до инцидент во кој…