Дома Фудбал Лига на шампиони Познато кој ќе го суди финалето во ЛШ

Познато кој ќе го суди финалето во ЛШ

Финалето на Лигата на шампионите меѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид, кое ќе се одигра на 1 јуни на „Вембли“, ќе го суди Словенецот Славко Винчиќ, соопшти УЕФА.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Винчиќ никогаш не му судел на шпанскиот гигант, а беше „среќен“ за Дортмунд на дуелот против Атлетико за пласман на Германците во четвртфиналето.

Словенецот долго време е судија од елитната група, а ова несомнено ќе биде најголемиот меч во неговата кариера.

За Винчиќ ова ќе биде второ европско финале, пред две години го судеше финалниот меч во Лигата на Европа во кој Ајнтрахт Франкфурт триумфираше по пенал серијата против Глазгов Ренџерс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

ПСЖ испрати приватен авион по него, подготвија сѐ за потпис на договор, а тој жестоко ги понижи.

ПСЖ веќе со години е клуб кој фудбалерите тешко го одбиваат, а тоа го покажаа и вчера кога…