Дома Фудбал Познато кој ќе го води Динамо по отказот на Јакировиќ

Познато кој ќе го води Динамо по отказот на Јакировиќ

Динамо Загреб и официјално ја потврди разделбата со тренерот Сергеј Јакировиќ по дебаклот кој го доживеа хрватскиот гигант и поразот од 9:2 од Баерн Минхен.

Раководството на „модрите“ разгледува неколку опции за можен нов тренер, а за викендот против Славен Белупо тимот ќе го води Сандро Перковиќ. Тој ќе остане на клупата до пронаоѓањето на конечно решение.

Во играчката кариера Перковиќ го носеше дресот на Металац Сисак, австриските Гроспетерсдорф, Илцер и Нестелбах и Шегеста, додека кариерата како тренер ја започна во 2013 година.

На кормилото на првиот тим ќе биде прекомандуван од младинските категории. Претходно главвен тренер беше во Акритас Клоракас и Рига од Кипар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Едегор го скрши отпорот на Хал: Арсенал со минимална победа ја зацврсти првата позиција

Арсенал го победи Хал Сити со 1:0 на „Емирати“. Мартин Едегор погоди во 72. минута, а Топџ…