Дома Фудбал Англија Познато колку ќе треба да плати Јунајтед доколку го сака Покетино!

Познато колку ќе треба да плати Јунајтед доколку го сака Покетино!

Манчестер Јунајтед денес за привремен тренер го постави Оле Гунар Солскјер, но на лето ќе бара етаблирано тренерско име.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Англиските медиуми тврдат дека првото име на списокот е менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, но за да го добијат неговиот потпис „црвените ѓаволи“ ќе треба да платат 34 милиони фунти.

Покетино ова лето потпиша нов договор со „спарси“ и во него нема ослободителна клаузула. Тоа значи дека Јунајтед за да го откупи неговиот договор ќе треба да плати 34 милиони фунти.

Ако на таа сума се додадат компензациите и отштетата за отказот на Мурињо, тоа значи дека „црвените ѓаволи“ ќе треба да потрошат повеќе од 50 милиони фунти.

Манчестер Јунајтед не е единствениот клуб кој го сака Покетино. Реал Мадрид исто така веќе стапил во контакт со неговите агенти, но и „кралевите“ не се спремни да платат толава сума за тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Еден куп голови во полуфиналето: Астон вила и Фрајбург ќе се борат за титулата во Лига Европа (Видео)

Англискиот премиерлигаш Астон Вила и германскиот состав Фрајбург ќе се борат за трофејот в…