Дома Фудбал Познато колку време ќе паузира Бензема

Познато колку време ќе паузира Бензема

Најдобриот стрелец на Реал Мадрид, Карим Бензема, речиси сигурно ќе го пропушти градското дерби со Атлетико на 18 септември.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Напаѓачот ја заработи повредата при победата во Лигата на шампионите над Селтик со 3-0 и се очекува да биде надвор од терените до три недели, пренесуваат шпанските медиуми.

Прегледите покажаа истегнување на тетивата на десната нога, соопштија од клубот, без да прецизираат колку долго играчот ќе закрепнува.

До крајот на месецот, Реал го очекува уште една пресметка со Мајорка на 10 септември и Лајпциг на 14 септември.

Одделно, Бензема се очекува да ги пропушти натпреварите на Франција во Лигата на нации против Австрија (22 септември) и Данска (25 септември).

Веднаш после репрезентативната пауза, на почетокот на октомври се очекува Бензема да се врати на терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лудо: Навивач понуди 250.000 долари за билет за Мундијалот (Фото)

Канадски фан предизвика сензација со својата понуда пред Светското првенство. Како ПАМЕТНО…