Лионел Меси по се изгледа ќе стане во Барселона, но се чини дека сака да има важна улога во клубот, како на теренот така и надвор од него.
Шпанските медиуми веќе подолго време пишуваат дека Меси не е задоволен од актуелниот играчки кадар на Барселона и дека сака од следната сезона во тимот да види неколку нови имиња.
Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓
Според пишувањата на каталонските медиуми кои се блиски до Барселона, Меси му порачал на раководството дека на клубот не му се потребни: Матије, Видал, Арда Туран, Пако Алкасер и Андре Гомеш, а сега е позната листата на засилувања за престојниот преоден рок.
Имено, списокот не содржи конкуретни имиња туку позиите во тимот за кој Меси смета дека се потребни засилувања.
На прво место е ставено ангажирањето на десен бек бидејќи Барселона се мачи на таа позиција после заминување на Дани Алвеш.
Исто така Меси сака да види ново големо засилување во средниот ред бидејќи Иниеста е веќе во поодминати години и наскоро ќе се пензионира. Потребен е и еден дефанзивец од светска класа, како и еден напаѓач кој ќе биде резервна опција за триото Меси – Суарез – Нејмар.
Што ќе се оствари од сето ова, останува да видиме во летниот преоден рок кој следува.