Дома Топ вести Познато кога Реал ќе го официјализира трансферот на Белингам

Познато кога Реал ќе го официјализира трансферот на Белингам

Играчот за врска на Борусија Дортмунд и англиската репрезентација, Џуд Белингам следната недела ќе го комплетира трансферот во Реал Мадрид.

„Марка“ откри дека претставници на Реал биле во посета на Дортмунд за да го завршат трансферот за кого ќе платат 100 милиони евра плус бонуси.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Официјалната промоција на трансферот ќе биде следната недела, веднаш по завршувањето на последното коло во Шпанија.

Кариерата англискиот репрезентативец ја започна во Бирмингем, Борусија го купи во 2020 година кога имаше 16 години и од тогаш за германскиот клуб одигра 132 натпревари и се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…