Дома Фудбал Германија Познато кога Кимих ќе се врати на терените

Познато кога Кимих ќе се врати на терените

Баерн Минхен во саботата ја победи Борусија Дортмунд со 2:3 во дербито и така ја потврди доминацијата во Бундес лигата, меѓутоа Баварците во овој дуел останаа без еден од своите клучни играчи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во финишот од првото полувреме Џошуа Кимих во солзи го напушти теренот, а по деталните прегледи се покажа дека тие солзи не биле залудни.

Кимих мораше да оди на операција. Направен му е успешен зафат на мединскусот на десното колено и сега го чека долга пауза. Од Баерн потврдија дека Кимих ќе паузира најмалу два месеци, тие се надеваат дека ќе го имаат за јануари.

„Џошуа веројатно повторно ќе биде со нас за два месеци. Ќе му биде потребна поддршка во текот на рехабилитиацијата“, изјавија членот на Управниот одбор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Познато кој клуб ќе го води Лампард во Премиер лигата

Френк Лампард ќе го води Ковентри и во наредните години, откако ја продолжи соработката со…