Дома Трансфер зона Познато кога ќе биде потврден трансферот на Агуеро во Барселона

Познато кога ќе биде потврден трансферот на Агуеро во Барселона

Се погласи се најавите дека Серхио Агуеро ќе стане нов играч на Барселона.

Аргентинските медиуми објавија дека Агуеро ги договорил сите услови со каталонскиот гигант околу неговото преминување на „Камп Ноу“. Според последните информации се ќе биде официјализирано после финалето во Лигата на шампионите во кое Сити ќе игра против Челзи.

Кун во претходните денови разговарал со претседателот на Барселона Жоан Лапорта и се согласил на условите кои му ги понудил каталонскиот тим.

Агуеро така после 10 години повторно ќе заигра во Ла Лига каде што претходно го носеше дресот на Атлетико Мадрид, а од Сити заминува после една деценија помината во клубот.

Вкупно Агуеро во дресот на Сити одигра 388 натпревари и постигна 258 гола, освои и 15 трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Мбапе проговори: Морам да ја донесам вистинската одлука

Веќе од поодамна се шпекулира дека Мбапе ова лето ќе го напушти тимот на ПСЖ. Името на мла…