Мохамед Салах на лето влегува во последната година од договорот со Ливерпул, а преговорите за продолжување на одат во добра насока.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Американските сопственици не сакаат да му дадат 400.000 фунти неделно како што бара Египќанецот, па се погласни се шпекулациите дека може да биде продаден.




Преговорите за продолжување на соработката се во застој од декември, а Ливерпул ја доставил последната понуда и чека одговор од Салах.
Новинарот Фабрицио Романо тврди дека приоритет на Салах е да остане на „Енфилд“ и сака да го продолжи договорот со „црвените“.




И покрај интересот на многу клубови, сепак Салах се гледа себе си само во Ливерпул и во моментов е најблиску до останување на „Енфилд“.