Дома Трансфер зона Познато и кој број ќе го носи Мбапе во Реал Мадрид

Познато и кој број ќе го носи Мбапе во Реал Мадрид

Tрансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид е скоро завршена работа и се чека само официјализација, иако францускиот голгетер пристигнува како слободен играч сепак ова ќе биде еден од најголемите трансфери во историјата.

Мбапе за потписот со Реал Мадрид се очекува да добие бонус од околу 130-150 милиони евра, а заработката би требало да му биде помеѓу 15 и 20 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Додека се пишува околу деталите сега пристигна информација и кој број ќе го носи Мбапе во Мадрид.

Се очекува на Мбапе да му припадне „десетката“ која во овој момент е во сопственост на Лука Модриќ. Хрватскиот фудбалер за врска е пред заминување на крајот од сезоната, па така тој број би бил слободен.

Од другите броеви, „деветката“ ќе оди на грбот на новото засилување, Ендрик, додека Винисиус ќе ја носи „седмицата“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ништо од трансфер во Вест Хем, Мазрауи се сели на „Олд Трафорд“

Трансферот на Нусаир Мазрауи од Баерн Минхен во Вест Хем е на работ да пропадне, откако во…