Македонија ги дозна можните ривали во баражот за Светското првенство во 2019 година, а имињата на селекциите кои се можни противници не се нималку наивни. Се работи за квалитетни селекции меѓу кои има и дел од оние коишто го напуштија шампионатот после првиот круг.

Македонија се наоѓа во првиот шешир на носители заедно со Белорусија, Хрватска, Чешка, Исланд, Норвешка, Словенија, Србија и Шведска или Шпанија.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Додека на списокот на тимовите коишто можат да бидат ривали на Македонија се: Австрија, БиХ, Унгарија, Литванија, Црна Гора, Холандија, Португалија, Романија и Русија.

Засега пласман на СП обезбедија: Данска (домаќин), Германија (домаќин), Франција (бранител на титулата) и Бахреин, Катар, Јужна Кореја и Саудиска Арабија, сите како полуфиналисти на првенството на Азија. Место на СП ќе обезбеди и идниот шампион на Европа, а доколку тоа биде селекција која веќе обезбедила пласман – ќе оди следнопласираната. Од Европа на СП ќе одат и осум други репрезентации, кои ќе обезбедат настап преку баражот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Oхрид има големи планови: Во новата сезона ќе ги води екс-селектор на Македонија!

Никола Илиевски Џиџи ќе биде нов тренер на ГФК Охрид, објави порталот „Охридњуз“. Поранешн…