Дома Фудбал Германија Познати причините поради кои Левандовски сака да го напушти Баерн

Познати причините поради кои Левандовски сака да го напушти Баерн

Вчера германските медиуми објавија „бомбастична“ вест и тврдат дека Левандовски сака да го напушти Баерн Минхен.

Полскиот голгетер минатата сезона го собори рекордот на Герт Милер и постигна 41 гол во Бундеслигата, но наводно сака нов предизвик во кариерата.

Еминентниот весник „Билд“ денес откри две главни причини поради кои Левандовски сака да го напушти Баерн.

„Дали е Роберт Левандовски среќен во Минхен? Се разбира дека да, но некои работи не му се допаѓаат“, пишува „Билд“.

Една од причините која му пречи на Левандовски е што медиумите го споредувале со Ерлинг Халанд, а луѓето од Минхен тоа не го демантираат и отворено признаваат дека во Минхен се размислува за Норвежанецот.

Втората причина што го нервира Полјакот е состојбата со договорот. Неговиот договор истекува во 2023 година, а Баерн до сега не му понудил продолжување на договорот.

Поради тоа Левандовски чуствува дека полека ја губи важноста и влијанието во клубот, па сериозно размислува да си замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Фудбалерите на Барселона со насмевки го пречекаа Барухан 📸

После вчерашниот пораз од Рајо Ваљекано Барселона го отпушти Роналд Куман, а денес како пр…