Дома Македонски спорт Познати можните противници на Шкупи и Шкендија во плеј-офот

Познати можните противници на Шкупи и Шкендија во плеј-офот

Шкендија и Шкупи се единствените македонски претставници во евроквалификациите. Шкендија игра во третата рунда од Конференциската лига, додека Шкупи е дел од третата рунда во Лига Европа.

Ако Шкендија го помине АИК од Шведска тогаш ќе дојде до плеј-офот за влез во Конференциската лига. Шкупи ако испадна од Шамрок исто така оди во плеј-офот за Конференциската лига, додека ако помине ќе игра плеј-оф за Лига Европа, а групната фаза во Конференциската лига така би била загарантирана.

Веќе се познати можните противници на Шкупи и Шкендија за плеј-офот во Конференциската лига.

ШКУПИ – НОСИТЕЛ

Викингур (Исланд) – Лех (Полска)

РФС Рига (Летонија) – Хибернијанс (Малта)

Балкани (Косово) – КИ (Фарски Острови)

Зрињски (БиХ) – Тобол (Казахстан)

Шахтјор Солигорск (Белорусија) – Клуж (Романија)

ШКЕНДИЈА – НЕНОСИТЕЛ

Купс (Финска) – Јанг Бојс (Швајцарија)

Данди (Шкотска) – АЗ (Холандија)

Вест Хем (Англија)

Молде (Норвешка) – Кишварда (Унгарија)

Фенербахче (Турција) – Словачко (Чешка)

Од друга страна со варијантата која е повеќе посакувана ако Шкупи игра плеј-оф за влез во Лигата на Европа можните противници се:

Гент (Белгија), Австрија Виена (Австрија), Хартс (Шкотска), Омонија (Кипар), Сиваспор (Турција), Дњипро (Украина) и Силкеборг (Данска).

Како и поразените од квалификациите за Лигата на шампионите.

Лудогорец/Динамо Загреб, Шериф/Плзен, Ференцварош/Карабах, Жалгирис/Бодо, Макаби Хаифа/Аполон, Пјуник/Ц. Звезда

Фото: ФК Шкупи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Прва изјава на Чурлинов по потписот за Барнли

Репрезентативецот на Македонија Дарко Чурлинов од денес и официјално е нов играч на англис…