Дома Топ вести Позната понуда на Барселона за Левандовски

Позната понуда на Барселона за Левандовски

Раководството на Барселона му понудило на Роберт Левандовски договор на три години со плата од 8 милиони евра по сезона плус бонуси.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тоа го потврди еминентниот шпански новинар Хосе Алварес. Според него Барселона веќе започнала преговори со агентот на 33-годишниот голгетер.

Левандовски има договор со Баерн Минхен на уште една година, а Баварците му нудат продолжување само за уште една година.

Барселона е спремна да почека една година и следното лето да го донесе Полјакот без обештетување.

Доколку Баерн се согласи да го пушти голгетерот ова лето тогаш првата година платата на Левандовски на „Камп Ноу“ ќе биде 12 милиони евра, а следните две сезони ќе добива по 8 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…