Дома Топ вести Позната најголемата желба на Гвардиола

Позната најголемата желба на Гвардиола

Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, а најголема желба е ѕвездата на Њукасл, Бруно Гимараеш.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Голем интерес за неговите услуги покажуваат неколку европски гиганти, а најсериозен е интересот на Манчестер Сити.

Гимараеш неодамна го продолжи договорот со „чавките“, но во него има откупна клаузула, а Сити веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Со оглед на слабата сезона на Њукасл, кој најверојатно ќе остане без играње во Лигата на шампиони, 27-годишниот Бразилец сака да ја промени средината.

Њукасл за неговата слобода бара најмалку 85 милиони фунти, сума која Сити е спремен да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…