Дома Трансфер зона Позната главната трансфер цел на Интер

Позната главната трансфер цел на Интер

Италијанските медиуми пренесуваат дека португалскиот играч за врска, Ренато Санчез е главна трансфер цел на Интер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ренато Санчез важеше за најголем европски талент, направи трансфер во Баерн каде не се снајде. Во Англија беше дел од Свонси каде што запиша само 12 настапи. 

Португалецот ја „оживеа“ својата кариера во Лил, каде веќе втора сезона игра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Тренерот на „нероаѕурите“ Антонио Конте верува дека Санчез ќе биде идеално засилување за неговиот тим, а Интер веќе стапил во контакт со неговиот агент Жорге Мендеш.

„Нероаѕурите“ сакаат да го засилат средниот ред и тоа ќе биде приоритет во летниот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…