Дома Македонски спорт Мак фудбал Подновената Победа со голем ентузијазам го започнува пролетниот дел од сезоната

Подновената Победа со голем ентузијазам го започнува пролетниот дел од сезоната

0

Со 19-тото коло и дуелот со Пелистер во Турново утре ФК Победа АД ја започнува пролетната полусезона во шампионатот 2017/2018 на Првата лига.

Победа во зимскиот преоден рок доведе 11 нови фудбалери, па сигурно очекувањата на Прилепчани во пролетниот дел од сезоната се многу поголеми.

„Конечно состојбите во клубот се стабилизирани, а есеноска имаше проблеми со доцнење на исплатите. Сега е како треба и морам за ова посебно за се заблагодарам на ВД Претседателката Јакимовска, затоа што да не беше таа сигурно ќе беше многу многу потешко. Сигурно дека и таа и идниот претседател Стојковиќ и Спортскиот директор Николоски дадоа свој придонес да се направи тим и селекција“, изјави тренерот Славољуб Бубања.

„Доведовме 11 но ни заминаа 14 играчи. Се обидовме да ангажираме зацртани засилувања. Сигурно задоцнивме околу комплетирањето на тимот, поради промените во клубот и подоцниот старт на подготовките, ако беше од почеток работите ќе беа како што треба. Јас секогаш сум искрен, така е и овојпат, и не сум сигурен во целост дека дали сите ќе бидат засилувања, бидејќи тука има играчи кои подоцна се приклучија и кои дојдоа тука да се докажуваат. На крајот фокусот беше што повеќе прилепчани да останат а дали не сме погрешиле ќе покаже крајот на сезоната. Она што го доведовме и што мислиме дека се јас сметам дека се вистински засилувања. Никогаш не истакнувам поединци но доведовме голман-интернационалец-Тофилоски, кој ќе биде наш капитен, а тука е и Даноски, кој исто така е со завидна интернационална кариера…Тоа се вистинските засилувања“, додаде Бубања.


Следете го Sportski.mk и на


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фуриозно полувреме за пет од пет на кадетите на ЕХФ шампионатот

Македонската ракометна репрезентација до 18 години денес ја победи и Естонија со резултат …