Дома Фудбал Погодуваа новите, Милан славеше во Сардинија🎥

Погодуваа новите, Милан славеше во Сардинија🎥

Милан продолжи со победите во Серија А откако попладнево славеше на гостувањето кај Каљари со 3:1.

„Росонерите“ добро го започаа мечот, но Каљари прв дојде до водство со голот на Лувумбо. Но, Окафор и Томори донесоа предност за Милан уште на одморот, со два гола за пет минути во финишот.

Во второто полувреме свој првенец во дресот  на Милан постигна Лофтус Чик за конечни 3:1.

Аталанта ја победи Верона со 0-1, со голот на Тун Копмајнерс, а Емполи славеше против Салернитана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Србија пред можен балкански дуел: Четири ривали во битката за опстанок

Босна и Херцеговина, Унгарија, Република Ирска и Словенија се можните противници на Србија…