Дома Фудбал Погледнете што направи Крос на секунда пред фантастичното додавање за Винисиус

Погледнете што направи Крос на секунда пред фантастичното додавање за Винисиус

Баерн Минхен и Реал Мадрид ремизираа 2:2 во првиот натпревар од првото полуфинале во Лигата на шампионите. Лерој Сане и Хари Кејн погодија за Баерн, а Винисиус Жуниор двапати за Реал. Реваншот ќе се игра за осум дена во Мадрид.

Во тие први 20 минути Реал не можеше да го помине центарот, а потоа во 24. Винисиус погоди за 0:1. Бразилското крило лажираше движење кон центарот, а потоа се сврте и тргна во празниот простор. Крос му додаде совршената топка и Винисиус изби сам пред Нојер и лесно постигна гол за водство на Реал.

Пред мајсторското додавање се случи интересен детал. Снимката од друг агол открива како Крос со рака му покажал на Винисиус каде треба да трча. Кога Бразилецот го послуша и влезе во просторот, следеше топка за која денес многу се зборува и пишува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија без Куртулан во ноември, бекот чека шанса за Турција

Арда Куртулан е насочен кон настап за Турција, но конечна потврда за неговата репрезентати…